штрајк (имн.) - може (гл.)

На работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 240, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според ЗШ (1991), како овластени организатори на штрајк можеа да се јават и мнозинството работници кои не се синдикално организирани, додека, пак, по ново, легитимитетот да повикуваат на штрајк го имаат само синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво т.е. сојузите (чл. 236, ЗРО/05), што се коси и со нашиот Устав 37 – бидејќи, во него, правото на штрајк и правото на синдикално организирање се постулирани во два одделни члена, односно како две 35.  Закон за штрајкот; Сл. лист на СФРЈ, 23/91. 36.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Она што го покажуваат примерите вклучени во книгата, е дека организирањето и поведувањето на штрајк, и покрај сите притисоци и законски ограничувања, не е однапред осудено на пропаст – штрајкот може да успее во намерите и тоа претставува нешто што несомнено инспирира.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Организаторот на штрајкот може од свои средства да им обезбеди надоместок на нето плата за времето на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот (чл. 241, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако се одлучат преку штрајк да ги заш- титат или унапредат своите права, поради промените во законската регулатива, тие доста потешко ќе можат да го започнат и ќе се соочат со можност од отказ поради организирање или учество во штрајкот, а самиот штрајк може судски да им биде забранет!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)