штица (имн.) - на (предл.)

Ја пикна во устата и јадеше цел грст, а во неговите очи не стоеше сега ништо друго освен таа лакомост, додека грутките земја се стркалуваа низ гробот и удираа, одекнувајќи тупо во чамовите штици на сандакот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа ја вадев сликата од под откованите штици на подот и со часови ја гледав: татковски насмевнато лице со неколку дупченца од сипаница, благост и мудрост во очите, пророчки брчки што само се претчувствуваат на загатливото чело.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По подот одвреме навреме претрчуваше по некој стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потоа легнавме на креветите, направени од штици на кои беа послани стари ќебиња. Чувствував како ме касаат болви.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Силјан Лилјаков знаеше албански и ќе рече: — Ставете штица на камионот и тргнете нѐ сите наеднаш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Низ отворите меѓу штиците на сточниот вагон, Јаков ѕиркаше кон небото на кое наеднаш му се стори дека го виде Шабтај, кој оттаму му се насмевнуваше како тогаш, на првата вечер од последната Ханука, како да се сите дел од некој голем и непознат празник што се одвива далеку, на небото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)