ЛУКОВ: Секој ден од неговиот живот е од непоправлива штета за нашиот народ.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Танаил користејќи го правото на жалба, го обжали решението на судот со кое му се наложуваше да му ја плати на Китан штетата за куќата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Лефтеро! - Вика комесарот - земи го ова чудо и стрелај го во трапот. Поплати го со земја за да не смрди. - Не може... Штета за куршумот. - вели Лефтера.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од сите преброени факти се гледа големата штета за нас Македонците од тоа што ние, или барем мнозина од нас, ги изедначуваме досега нашите интереси со општобугарските.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
6. Судот ќе ја ослободи од плаќање на трошоците на постапката странката која според својата општа имотна состојба не е во можност да ги поднесува овие трошоци без штета за својата нужна издршка и нужната издршка на своето семејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако беше за рушење на ваквите предрасуди, не ја оправдуваше ни онаа љубов во која безглаво се влегува и чија странична штета за навек остава траги.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во делумна пресуда или во меѓупресуда судот може да изрече дека одлуката за трошоците се остава за подоцнежната пресуда (чл. 159, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)