Членови на главниот востанички штаб биле: Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Според планот територијата на цела Југославија била поделена на сектори: партизанскиот командант и британскиот офицер при неговиот штаб биле одговорни за секој сектор и на тој начин биле поделени целите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во деновите додека се одржувал Конгресот, на 4 мај 1903 во Баница-Серско бил убиен еден од најистакнатите раководители на ТМОРО Гоце Делчев.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Српската врховна команда во составот на „Народната одбрана“ имала 30 македонски доброволечки чети, со вкупно 400 четници, од кои 300 Македонци. Командниот кадар бил српски.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Подоцна штабот бил преименува во Штаб на специјални воени формации (Македонски ополченици), со вкупно 12 бригади од кои 10 македонски бригади со 12.000 македонски доброволци.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)