Во едно широко шише имаше камфор, жолтеникаво густ; си заби себеси шприц во раката - се распалија дивите струи, некоја дива енергија ја тргна раката на парализираниот човек наназад, па угоре, тој му ги наби лактите в гради.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
В подрум одам мајче, в подрум шетам секаде млади мајче наркомани гледам аманаман мајче аманаман го најдоа Трајче мајче сам во апартман Сам во апартман мајче, сам во апартман со шприц во рака мајче Трајче предозиран дилери фрчат мајче на секое ќоше у лошо друштво мајче го видов и Тоше Кај Мирко пaлицрква на техно мајче одат па кркаат табли и во вена се бодат аманаман мајче од ужас и страва целиот град е мајче завиткан во трава
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Тогаш, во тие мигови, кога Богдан беше зад објективот, кога можеше да си мисли дека госпоѓа Мариела е на едната страна на светот (дека таа му припаѓа на еден свет), а тој на другата страна од светот (дека тој му припаѓа на друг свет), се раѓаше кај него прашањето за почетоците и мотивот на оваа епизода од животот во која, благодарение на жената (гола, раскошно убава, бавно растреперена во облините кои го исполнуваа просторот со таинствени содржини) што беше од другата страна на објективот, заборави дека тој живот може да биде празен и бесмислен, како што тоа често му се случуваше во тинејџерските години кога бараше спас од таа мисла во вбризгувањето со шприцот во некој агол од светот, или во светот на некој агол кој постоеше или не, или не мораше да постои, ниту тогаш, ниту сега.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ондин и Дачис шњураа низ турканицата и го боцкаа секого кого го познаваа па макар и на „здраво”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Еднаш од балконот видов крвава дамка кај Полин де Ротшилд и Сесил Битон, а тогаш дотрча Ондин и рече дека го изгубил шприцот во ВЦ.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)