шпорет (имн.) - и (сврз.)

Во март 1989. џиновската сала на Elstree студиото кај Лондон на снимањето беше поделена на потполно ист начин како што пред гледачите се движи фар-камерата на Саша Вирни: 1) фасада со монтажна метална конструкција, неон и циради над полумрачниот автопарк со изгладнетите кучиња далматинци што завиваат; 2) влезот во кулисите на пепелнозелената кујна со две правоаголни маси, огнот од шпоретот и големите лонци со облаци пареа, одаите преполни со висечки садови, со букети на пердувести животни, распукано овошје и морски животни; okno.mk | Margina #8-9 [1994] 37
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Потоа дојде железничарот, се поздрави и рече дека ја видел уште на станица, седна на своето ниско столче до шпоретот и ја запали првата цигара со жарче на маша, а потоа другите една од друга.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја разгледа масата, ги подигна капаците на тенџерињата што беа наредени по неа, по шпоретот и ги изотвори сите чекмеџиња од креденецот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тука е мајка му. Таа или стои до шпоретот и готви ручек, или пак седи до прозорецот и му ги крпи чорапите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Седиме така ние двајцата спроти шпоретот и мијалката во кујната, јас од едната страна на масичката покриена со мушама, таа со рацете на скутот на другата страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)