шмајзер (имн.) - обесен (прид.)

Мита, најстарата од нив, со шмајзерот обесен на врат и со налактена рака врз него, оди понапред од другите. Исправена, румена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој го помести шмајзерот обесен преку рамо, ја погледна косо и се обиде да чекори со нејзиниот чекор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А јас, лева - десна, од едниот до другиот крај на жичаната ограда... лева – десна, исправен со германскиот шмајзер обесен на врат, чував и пазев, не дај Боже, некој пезевенк од народните непријатели случајно да не ја вознемири народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)