Еден од нив го фрли шишето во ѕидот, белки ќе се исплаши оваа лоша „стража“, ама и тоа не помогна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Единствената комуникација која можеме да ја посакаме како совршено прилагодена на современиот свет е примерот на Адорно, шише в море, или пак ничеовскиот образец за стрела истрелана од еден а прифатена од друг мислител. извор: Quorum, 3-4, 1994. превод: Г.Н. Ом okno.mk | Margina #22 [1995] 75
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
За инает на сите шишиња во кои се обидуваше да ме удавиш.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Ја зграпчив за косата и ја повлеков назад; таа офна и падна; јас го фрлив шишето во ѕидот, тоа се скрши, и јас веќе следниот миг нафрлив врз неа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем ми подаде рака, ми помогна да станам, да се наместам и потсуредам; го фрли шишето во една грмушка и јас дури тогаш видов дека сонцето беше паднало ниско, и дека денот полека почнал да гасне.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Да одиме“, се сврте кон неа со празно шише в рака.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ќе го истуриш шишето во топлата вода, ќе брцнеш со рачиштето два-три пати и целата вода ќе се претвори во сапуница. Густа како најгуст бел облак.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Додека се враќаше со два бајати ѓеврека во едната и свеж весник во другата рака, Боге си го замислуваше генералот како сега распиштолен под чадор за сонце му прави друштво на пријателот во разгорување на скарата и подлетнува накај жените пред да натегне од пивското шише во кое има капнато некоја голтка коњак.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Овојпат не ми рече ни "сакаш-нејќеш" туку само се наголта млеко, го врати шишето во фрижидер и ја тресна вратата кога го затвораше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како што ми текна на последното, нешто неубаво ми помина низ телото и ми дојде да викнам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
ЛУКОВ: (Уште додека Фезлиев ги зборува последните реченици, излегува кон кујната и токму со последниот збор на Фезлиев се враќа со шише во раката. Го остава, со удир по масата, пред Фезлиев.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Дојде в куќи да ја опита Марија за некои шишиња во станицата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тоа беше едно мало шише во кое имаше некаков лек што го пиела мајка ѝ кога била болна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тој тажен го почувствува припекот на сонцето и го виде шишето во вирчето под кладенецот како, нишкајќи се, плива по површината.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Можеби евентуално со шише в рака, можеби со пиштол во уста, можеби никако. 04.08.1999.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)