шише (имн.) - зејтин (имн.)

Огне имаше шлакнато цела кутија гел врз косата и таа му сјаеше како да ја потурил со половина шише зејтин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Порано, во еднопартискиот систем, просторијата на кооперацијата си беше секогаш иста, истиот продавач, Тоде Нунко, истите шишиња зејтин, истата сол, истата пипер за в очи, истото сточно, ако го имаше, истите наполитанки “јадро“, истите поличиња, истата паланѕа со истите тегови, сѐ урамнотежено и сите присутни урамнотежени и мирни, секој во себе со прстот на чело, што ќе каже и колку треба да каже, за да се заслужи еден живот што се живее.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Аделина беше јако намирисана и забележливо нашминкана, и целата бучна, весела, гласна, каква што е секогаш, но и уште повеќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)