После го прашуваа потсмевајќи му се со селска итрина во црвените очи: „Зошто не пиеш со нас, попе?“ Шишето се лизгаше од рака до рака, се празнеше, ги извлекуваше пред нивните очи шумските ѓаволи од притаените грмушки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кружат шишињата со ракија од рака до рака, паѓаат наздравувања, благослови, едно од друго поубави, помладите поздравуваат со сегашен јазик, а старците вадат од сеќавањата некакви стари зборови, па ги везат и ги редат во долги наздравувања, ракијата во шишињата се смалува, а расположението, расте.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се случуваше во гробовите на побогатите луѓе или кај оние што биле мераклии за вино, та му ставиле во гробот да му се најдат на тој свет, - да се откопаат и по триесетина шишиња со вино, кое одлежано неколку години, имаше прекрасен вкус; шишињата се пиеја заеднички за душа на умрениот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)