шара (имн.) - на (предл.)

До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Полека светот се осветлуваше од дневната светлина, моето одајче исто така, и јас можев да ги распознаам одделните линии и бои на шарите на ѕидовите правени во годините изминати од еден самоук сликар, всушност бојаџија со дарба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Светилката потреперуваше од променливиот напон и ги зумираше шарите на ѕидовите правени од маказарскиот уметник - големите лисја од јавор рамномерно поставени и осенчени во еднакви правоаголници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Менува ли земјата?“, прашува и гледа во шарите на снагата направени од лежењето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја гледав шарата на одајчето со крупни листови, како јаворови, сразмерно поставени и со преливи на местата каде што е потребно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Амови, колани, налани, леѓени, свеќи, златни украси, ибрици и ќунци, сабји, ножови: налбатите и ковачите креваа врева, папуџиите пееја, кожарите си ги обработубаа кожите во камени корита, кујунџиите со двојно око ги виткаа шарите на своите белегзии и ѓердани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сонцето си прави шари на масата меѓу нас, а жената не може да дотрае.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некаде во тоа време, во тивките снежни зимски ноќи Рашела везеше сини шари на платната за својот мираз под будното око на мајка ми, која ја подучуваше девојката на нови, сложени везови, а самата го крпеше домашниот веш и нашите чорапи, непрекинато и со тивок спокоен глас кажувајќи ѝ којзнае какви сѐ не приказни за тајните на бракот и стапиците на животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)