Го познав по црната шапка со голема стреа и истиот оној многу комотен хубертус, што на него висеше како на закачалка и през ноќта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зад оградата, во нивата што беше преполна со пурпурни цветови, еден јужносвештенички фустан, под шапка со широка периферија, со брзи движења отстрануваше црви од лисјата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еднаш сакаше да ти купам сламена шапка со црвена линија на работ.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас тогаш бев мал, ама паметам како децата по полињата ја шуткаа неговата попска шапка со денови, сѐ додека некаде не исчезна.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кажи сам - нели се откажав од леки боксерски чевли заради таа сламена шапка со црвен раб, кажи сам?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Првин оглавите еленски, па шапката со која го призакриваше голото лице, па стравот од самовилската магија.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
И навистина, на вратот му висеше бакарно крвче, блештукајќи на сонцето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)