чуруликање (имн.) - на (предл.)

Рози слушаше како звукот на рапавите и нерамномерни крикови на гавраните сѐ повеќе се оддалечуваа, и тогаш ги слушна последната анатема од Кети и веселото чуруликање на црвеношијките, кои ја споделуваа омразата на Кети кон гавраните и нејзините ревносни клетви секогаш кога ги бркаше од градината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се слуша­ле чуруликањето на птиците и извиците на детските гласови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Низ гората се слушаше чуруликање на птичките.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пеењето на птиците, чуруликањето на врапчињата, се претвори во волшебна утринска песна, песна со која птиците го поздравуваа раѓањето на новиот ден...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)