Така би и во таа темна ноќ кога душата беше претворена во светлина за да го осветлува патот на сина си до границата која го сечеше Езерото на неколку километри од гратчето Подградец Бабата своите внуци, кои сега се оддалечуваа засекогаш од неа со малиот чун во судбинската ноќ на својот живот, ги заспиваше со прикаски и легенди поврзани со блиското Езеро, чии бранови често допираа и до бреговите на нашите соништа, ги вознемируваа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги делеше луѓето И најчесто на самата невидлива граница, која беше означена некаде на дното на езерото, кога минуваше чун се создаваше силен вител кој го одвлекуваше чунот во длабините и речиси никој не преживуваше.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
II Баба остана како светилник во длабоката ноќ на брегот на Езерото да го осветлува со својата внатрешна светлина патот на чунот во темната ноќ во кого беше нејзиниот постар син со своето семејство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)