Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пародија, измама,фрески што плачат,чуда. Не верувајте, тука чудо нема, на друга страна чудото се случува.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)