Секакви чувства ѝ се мешаа. Менувајќи се од час во час. Ѝ беше жал за нејзините.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ужасно контрадикторни чувства ѝ го раскинуваа целото тело. Ја жежеа во мозокот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Гледајќи во двете ископачени букви на длабоката резба, чувствата ѝ беа одвоени како вода и масло. Бистрата вода остана на дното.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нејзе уште од мала ѝ е всадено чувство на стравопочит спрема чорбаџијата, повеќе на страв, отколку на почит, и тоа чувство ѝ преминало некако во навика, така што нејзиниот страв не е силен но затоа е постојан.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Две спротивни чувства ѝ го распнаа срцето: оваа воодушевеност на публиката и доживеаното на сцената.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)