Ги пронајдов твоите очи меѓу замаглените ходници, ме опи твојот мирис меѓу загушливите простори, го осетив твојот допир меѓу острите ладни ѕидови, моите сетила те посакуваа, а моите чувства им дадоа лик на тие немири.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сѐ што беше во умот на Бога кога те создаваше, сега доби форма во мојот ум.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Со внимателно подготвување од мали нозе, со игри и со ладна вода, со глупостите со кои беа хранети во училиштето и во Шпионите и во Младинската лига, со предавањата, парадите, песните, слоганите и херојската музика, природните чувства им беа искоренети.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, и покрај напредниот рационалистички дух на Акиндин и неговата расправа (како онаа на Варлаам, во 1330-та) завршила со победа на Палма - поради религиозната основа на византиското општество, во кое исихастичкото учење имало силна превласт, а и поради политичките и општествените прилики воопшто.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И тој (Акиндин) се застапувал за спознавањето на бога преку разумот, за разлика од платоничарите (исихастите) кои на срцето и на чувствата им давале предност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)