Престани кога ти е најубаво, така чувството останува и трае долго.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Моите чувства останаа замрзнати, моите сетила се бесчувствени, моите погледи се изгубени, зошто моето срце сѐ уште е крај тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Чувството останува да се шири и да се бранува само помеѓу оној кој ќе запее и цвеќето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Љубев со целото мое битие, срцево и душава беа претесни за таа магија исполнета со емоции, нежности, страсти, топлина, лесно постоење и покрај тежината на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)