86. За нив човештвото има поголемо значење од Бугарија и затоа повеќе ги интересираат нив Швајцарија, Соединетите Американски Држави и нивната историја, отколку Бугарија со нејзините национални интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Се лажете. Од сите три теории заедно, поголема револуција за човештвото има предизвикано изумувањето на казанчето за тоалет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
До пред неколку децении луѓето дома си имаа нокшири во кои ја празнеа содржината од своите црева, а потоа истата содржина ја фрлаа низ прозорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)