Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Безбели некого од Орленци ќе најдеме да ни раскаже понатанко. Уште над село втасаа еден пристар човечец со товарено магаре дрва.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)