8. ШТОМ ИЗЛАЖЕШ ЕДНАШ, НЕ ТИ ВЕРУВААТ ДОВЕК - теориски би можело и така да се каже, во практика, пак, еднаш му поверуваш на човек а потем до смртта тој сѐ туку те лаже ...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Не од понизност, од самољубие приложувам
една реминисцентна сцена
во која ќе се препознавам трајно
можеби не само јас:
од мојата уста-песна на мајчин јазик
излетува опсесивен копнеж
- некој речиси жив човек
а јас останувам устремена
на истото место
но божем се враќам
Но боже, ѝ се враќам!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)