Тоа можеби и не е сосем така откако човек навистина ќе им падне в раце.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беа широки бечви и минтан направени од најубава чоја, а на дедо кој беше висок преставителен човек навистина убаво му прилегаа.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Човекот навистина цел живот учи. Се уверив во тоа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
А учени за оваа работа беа членовите на комисијата која ја утврдуваше фактичката состојба.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога човек навистина сака да заврши со себе, тој во тоа и успева.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Отако ќе ја прочита книгата на Михаил Ренџов, човек навистина се чувствува „како да задувало ветре развигора“. академик Митко Маџунков
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Човекот навистина се занел на една страна и се фатил со обете раце за стомакот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Каков што е, впрочем, случајот со сите за човекот навистина важни прашања.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Човек физички расте колку што му е одредено, некој десетина, дваесетина сантиметри повеќе, некој толку помалку, но во мислите, во желбите, во стремежите, во знаењето човек навистина може да израсне до небото!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Бошко знаеше дека луѓето навистина немаат и неколку пати го помоли Лумана за почекување.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)