Татко ми велеше често, особено кога бевме најрасприкажани, со најмала контрола на зборовите и нивното протнување низ тишината, дека човек лесно станува роб на своите изговорени зборови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во втората половина на дваесетиот век, потрошувачкото друштво усвои некои од одликите на елитните општествени класи.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не можеше да се рече дека по волја ги здружил животот, очевидно голема борба, големи спомени беа во тоа пријателство на Аритон Јаковлески и песот. (Пес со човек лесно не се врзува).
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Имајќи ги пред себе овие основни елементи, човек лесно може да ја разбере, ако веќе не ја разбрал, структурата на Океанското општество во општи црти.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Остави сѐ и бегај зашто законите се полни со некакви параграфи заради кои чесниот човек лесно заглавува.“ Сенките пораснаа и се одлепија една од друга.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Еден човек лесно може да владее со десет, сто или дури илјада луѓе, но кога одеднаш ќе се појават уште неколку стотици илјади или милион луѓе, власта на поединецот над таквата маса станува апсурдна.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Гледајќи ги човек лесно одгатнува како расте овој народ невидливо: пресоздавајќи се сам од себе, како корен од корен, како камен од камен - зашто мора да трае за секогаш.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
По демографскиот бум во Европа во средината на деветнаесеттиот век, масите се зголемија над очекуваната мерка и едноставно со својата бројност ја беа проголтале елитата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)