човек (имн.) - колку (прил.)

Човекот колку поостарува, толку и поефтин станува“ , еднаш рече Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Господ да ме прости, неарно сторив, ама пуста лутина човечка е лоша, тики човек колку да се чува да не греши пак ќе згреши.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Скот да бидам, јас едно време и богу и пред луѓето најлудо се молев, и денеска тоа го правам, - кога му се суди на еден човек колку е тоа можно слепо да не се гледа само на еден дел од неговиот живот, за што можеби тој самиот не сноси никаква вина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го пречекавме со срдечно добредојде; оти тој човек колку што беше достоен за презир, барем половина од тоа беше и забавен, а освен тоа и со години го немавме видено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)