човек (имн.) - воопшто (прил.)

Телото е препуштено само на себе до таа мера, што природните телесни движења човек воопшто повеќе не го интересираат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И реков еднаш а можеби и повеќе пати на Катерина дека го сожалувам кутриот социјализам бидејќи имам впечаток дека во раните утрински часови работниот човек воопшто не мисли на него, на социјализмот, туку само на својата утроба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Помислуваше да ѝ каже нешто во врска со својот заклучок дека ова е далеку повеќе отколку што човек воопшто би можел да поверува, но сепак не се реши.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Впрочем токму тогаш се сетив на оној наш разговор за ситите и гладните; она кога ми рече дека навистина го сожалувала социјализмот особено наутро кога ќе забележала дека работниот човек воопшто не мисли на него туку само на својата утроба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)