И кај не ќе ти отиде умот тогаш?... За никаде бил човекот сам...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А кога е човекот сам, што се вели, и волкот го бара за другар.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А каде не е досадно и каде не е пусто? Треба човек сам да умее да си ги најде радостите на својот живот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ништо не направиле, ѝ велам јас, човекот сам се сипе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)