човек (имн.) - под (предл.)

Џемал-ага прави секакви итрости да го стави човекот под своја власт.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ти цртам снежен човек под капа, врисок на елка пренакитена, прскалка на честитка.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Заспан покрај грмушките, ѝ прилегал како некој човек под зелено засолниште.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кураж и само полека - мрмори човекот под нос - и макаршто ти тежи веленцето, ти продолжи си по правливиот пат сѐ додека не згасне горештината и не падне првата роса.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Штабот на бригадата најпрвин гледал без разбирање во човекот под мантија како во чудо дојдено од старовремски атари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот, човек со светечка брада и апашки очи намалени од вино и од секакви тајни на младоста, веднаш ѝ се приклучил на некоја партизанска бригада што по дембелското лето на есенската благост се готвела со уште некои единици да влезе во битките за Скопје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да се враќа од маскенбал, човекот под сивиот граѓански капут е облечен во руба на дворски пратеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)