На небото - сонцето; на земјата - огнот; човекот од сонцето ја зема телесната, животната топлина; со смртта на човекот таа му се враќа одново на сонцето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Откако ќе погледне во болен човек таа никогаш веќе нема да го симне погледот од оној кој брзо ќе заздраве и никогаш веќе нема да погледне во очите на оној на кого му нема спас.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
На Вера Кузмановска И одново на птиците помислувам, на полската чучулига, помислувам, која уште при прв допир со болен човек распознава исцелимо од неисцелимо.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Би мислел човек таа за ништо не се грижи, особено кога се деновите вака топли и пријатни.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)