човек (имн.) - треба (гл.)

Во овој случај, индикативно е тоа што речиси сите изгубени спорови т.е. негативни пресуди, и покрај немањето правни аргументи, се обжалуваат од страна на претставници на државните институции, при што се трошат големи суми буџетски средства („народни пари“) на име судски трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За крај, тој истакнува дека она што го има здобиено е искуството дека човек треба да е бори за своите права, па колку и минорни да биле кршењата на истите. 1.  Интервјуто го водеше Игор Мишевски, на 27.II.2011, во Кратово.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Човекот требаше човекот да го врати во неговата изгубена природа, отаде границите на човештвото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неколку дена по безизлезното прифаќање на неговите хирови и помирувањето дека со ваков човек треба да си го поминам остатокот од животот (личен став што не можеше да најде свое логично оправдување, но секогаш беше присутен), тој имаше смелост да ја избегне средбата предвидена за нашите вообичаено убави неделни прошетки низ паркот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во право бил Ворхол кога рекол дека сексот на човекот треба да му се открие после 40-тата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Човек треба специјално да се вооружи со трпение, ако реши да купува било што - од леб, заленчук и овошје, па сѐ таму до најобични нешта во трговските магазини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во секој случај човек треба да се придржува за правилото кога е веќе во Истанбул, дека е поудобно да се вози со такси или „долмуш“ не само затоа што е поевтино, туку затоа што и побрзо и побезопасно ќе ве однесе на бараното место.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Изборот треба да се изврши внимателно, тој човек треба да биде таков што ќе знае да ја чува тајната и истовремено да може да му спомогне.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Спас“ - помислив по малце зашеметено, гледаќи го задникот на најтромавиот од јатото - „дури кога сонува, човек треба да е брз!“
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Оваа „секундарна“ блискост никогаш не е толку добра како „примарната“ блискост која човек треба да ја почувствува во детството, но е подобра отколку ништо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но и тоа е подобро од чувството на потполна жртва.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лечејќи го Бојс и учејќи го како да се лечи самиот, Татарите му дадоа втора, посреќна прилика, како возрасен, да ги почувствува топлината и присноста од кои порано бил лишен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Или барем човек треба да верува и да се надева дека го има.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како да сакал отец Мида да каже дека човек треба да застане на местото од ѓаволот, во ѓавол да се престори за да го разбере словото; тоа е цената на читањето на скриените значења!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби е така, но понекогаш човек треба да го брани својот став – рече Еразмо, скокајќи врз цврстата земја за да ја провери нејзината цврстина. -Не е доволно тоа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За да се дојде до неа, човекот треба да помине низ многу кругови.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
– Сите овие пречки, според законот на условеност, човекот треба да ги надмине, достигнувајќи прибраност, преку која се доаѓа до самоодрекување кое, пак, е услов да се достигне смиреност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Човекот треба да се чува од опасностите – прошепоти Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И додека тој зборуваше, мене во умот, како пчела околу главата, ми се вртеше прашањето – зарем човекот треба да умре, треба да го снема од овој живот, та за него да се зборува само убаво?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А неговите зборови дека секој човек треба да се труди да има што помалку тегобност на овој свет, во миговите на тегобност кои ги преживувавме моите сестри и јас, ми звучеа како потсмев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со одговорот не може да се погреши: се стремат кон среќа, сакаат да станат среќни и да останат такви.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Последното утро во Венеција, откако Ана и Зигмунд тргнаа по градот, мојата желба уште еднаш да ги видам двете слики со Богородица и Исус беше посилна од моето накривнување, и јас излегов од хотелот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
“Наместо твоите инфантилни претпоставки, човек треба да си постави поскромно прашање: што можат луѓето да дознаат за целта на својот живот на основа на своето однесување, што бараат од животот, што сакаат да постигнат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Игра со очи. Историја на еден живот“ е насловот на книгата во која нобеловецот Канети пишува дека човек треба да биде свесен дека во животот има недостижни нешта.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Таквото просветлување не му се случува секому и човек треба да биде среќен ако го доживее барем еднаш во животот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мислејќи дека човек треба да се насочи кон верата своја, а не кон позицијата во својот световен живот, и со слепа верба во семоќната правда Божја, јас ве учев да ги веднете главите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На Саатот пишува: "Секое удрување на саатот човекот треба да се сети, оти животот му се скусува.# Писмото е арапско, а зборојте се турски.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И од тогај изгубе му звуко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Толку је имал голем звук саато коа је удрил "бам#, оваа се уплашува - пребацува.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да им речат: Ете вакви луѓе сме биле ние, ете таков човек треба да бидеш и ти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа човекот треба да го држиш цел, со сите негови делови, што му се дадени, па и со страот, што му е исто така даден. Мислеше за таа можност да се плашиш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- И од среќата човек треба да си почине. - Во зандана? - Па што!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Човек треба кога ќе се роди да си напише писмо, вели Јон, а кога ќе умре да го добие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Животот е борба, човекот треба да е силен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако некој силно чувствува и знае како стојат работите, без да му се укажува на тоа, тој човек треба посебно да го насочи трудот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Изгледам наивно, меѓутоа, еден многу интелегентен човек треба да внимава на тоа што зрачи од моите очи, а не на тоа што го зборува мојата уста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Станува збор, значи, за следното: постмодерниот, а и еколошки, човек треба да ги менува рамковните услови на своите животни околности.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но, човек треба да се обиде, па и на други места.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сега овој човек треба да живее со години, наизменично во када, воден кревет, едно влажно-сиво бивствување и завои полни со измет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На Лења просто сите многу му завидуваа, а тато воопшто сметаше дека, ако некој се занимава со парични операции, а всушност со ништо не тргува, дека таквиот човек треба да седи или зад решетките на банката, или зад решетките на затворот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За да се биде оргулист во тоа време, човек требало не само да знае да свири, туку и да импровизира, а Бах бил на далеку прочуен по неговите импровизации. (Неколку забавни анегдоти во врска со способностите за импровизација на Бах може да се најдат во The Bach Reader, од H.T.David и A.Mendel.) Во 1747.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој беше свесен дека човек треба да го напушти животот пред тој него да го напушти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако некој е потиштен, и сака да му помогнам да излезе од таму, му стојам на услуга.  Дали вашата книга Лагите на љубовта е инспирирана од материјалот собран од вашите пациенти?  Не.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во едно слободно општество на секој човек треба да му биде допуштено светот да го гледа на каков што сака начин.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Знам, се насмеа црниот човек треба да лежи распаран на прашлив друм, гаврани да се огледуваат во стаклата на неговите очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Сум ти расправал? Не! Е, гледаш ножовите човек треба да ги избрише од животот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
О, што зборувам, зошто се занесувам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Човекот треба да го сфатиш. А за да го сфатиш треба да откриеш каде извира и од каде истекува неговата убавина а од каде она другоно, грдоста?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Додека е млад човек треба да гледа напред и само напред.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па човек треба својa sвезда да си има, како што си има својa икона в црква, да си има својa светлина, како што, ете, ти си имаш својa жена...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не, синко, - ќе му речеше дедо ми. – Кога е време за радување, човек треба да се радува.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Со други зборови, човек треба да ја сочува својата невиност но притоа да ја збогати со искуство.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)