Уште пред да стигнат до Палацо Граси, посетителите на Венеција можеа да ги видат зелените натписи што висеа на мостовите низ целиот град со името “Марсел Дишан”, амбициозно најавувајќи ги датумите на изложбата (од 3 април до 16 јули), како и многу слични плакати излепени на секоја станица на “вапорето-т”. (мал параход што плови по каналите на Венеција - заб. на прев).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Толку многу има канали што човек помислува дека водата е испресечена со парчиња земја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во еден момент човек помислува дека во ова катче е собрано целото злато на Турција, ако не знае дека само златото во султанските цараи „Долма бахче“ тежи 14.500 килограми и дека во "Топкаписи сарај", во султанскиот харем, се наоѓаат најголемите драгоцени камења, чија вредност е невозможно да се оцени, да се утврди.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Имајќи го во обзир градот домаќин, човек помислува дека организаторите на изложбата можеле да ја употребат фотографијата на Дишан во гондола за плакатот или за насловната страна на каталогот на изложбата, но наместо тоа, ни беше репрезентирана колор репродукција на Дишановото ремек-дело, “Невестата соблечена гола од нејзините додворувачи”, попознато под името “Големото стакло”, со фотографија на еден венецијски залив во позадината.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)