Длабока воздишка го надви тропањето на лончето на решото и шумот на дождот во прозорците...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во главата на човекот остана само една мисла; неговото јако тело го растресе само едно каење: чајот не е вода, ни вино, чај никој сам не пие - чајот е нежност, загриженост, љубов...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Човекот остана на нозе зачудено отворајќи ја устата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Брат ми напиша дека секој човек останува “дете на својата епоха, дури и во поглед на неговите најлични својства”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Би можело да се каже и дека секое поединечно лудило е дете на својата епоха, но и дека најличните својства на лудилата од сите епохи се исти. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Многу подоцна брат ми напиша дека секој човек останува дете на својата епоха, дури и во поглед на неговите најлични својства, а исто така и секоја љубов е дел од времето во која се раѓа, бидејќи таа се раѓа меѓу две суштества кои се дел на своето време.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Видов камен во камен - човекот останал во твојата песна.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
ВТОРАТА ЖЕНА: И јас мислам дека она што ќе се пропушти да му се даде на детето во најраното детство, ако ја нема љубовта и вниманието во првите години од животот, човекот останува вечно емоционално оштетен, бара љубов таму каде што не треба, а што е најважно ја нема сигурноста за настап во животот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)