Јабанџија човек дошол, не може да се помине само со леб и пиперки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тогаш обично ги затворав очите, се преправав дека спијам и мижев сѐ додека навистина не заспијам или додека не исчезне силуетата на лошиот човек дојден по мене.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Старецот покриеното со крпа го испружи далеку пред себе и со претпазлив од на полуслеп човек дојде до десната страна на коњот на садриазамот, се поклони дури додолу до земјата и ко се испрај, пред да го крене високо и пред да му го поднесе на Турчинот, покриеното со крпа го отскри, беше леб и сол.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Брзо станувај да бегаме!... Пустиот Селман-ага имал собрано арнаути за да те грабне. И дебрани, и мокрани! Човек дојде кажа, мори ееееј!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)