1. Од самиот почеток, штом само стекнеш свест за себеси, научи дека си благородник, дека си дворјанин и заклучно, дека си роден само да го јадеш оној леб што го сеат твоите селани; со еден збор, замисли си дека си среќен трут, кому крилјата не му се изгрицкани, дека твоите дедовци само тоа и мислеле, на твојата глава да ѝ го остават правото на ништо да не мисли.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
2. Штом се подготвиш со овој прекрасен почеток, од кого следуваат сите други правила од кои човекот блеска во општеството, ти треба да отфрлиш некои предрасуди, кои некојпат му пречат на младиот човек да блеска со остроумност. 120 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)