човек (имн.) - бил (гл.)

И кај него, во неговата шнајдерница, сите нашинци доаѓале: и работници, и студенти, и војници, и офицери и доктори и адвокати.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Човекот бил избран, Тодор Кусев, прилепчанец, од Максима се барало само да даде пари и согласност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чуден човек бил овој Коста Циривири, добар ама само за политика зборувал и само против кралот српски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И во тоа гледаа божие претсказание: или дека човекот бил некој добросовесник кој ќе го пушти Бошета да си се врати па Бог го заштитил на тој начин што сè живо во Потковицата престорил на оглувено и онемено, (зашто ако го насетиле тие, потковичаните, како што биле насрчени против Хаџи Ташку и дружината, можело да се случи да го заменат со некого од нив и да го убијат) или дека тој, Бог, ги бележил и ги казнува Јанческите за нешто одамна сторено и преку нив и сите други христијани во Потковицата ги поучува да се припазат од правењето лоши работи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Ау“, ќе рече некој, „човекот бил генијалец.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ете дојде момент да ми кажат каков човек бил, сфатив зошто сите така чудно ме гледаа во Западот кога ќе им кажев кој ми е дечко и дека сум дошла таму за да живеам со него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Човеков бил Тито: во секоја република имал сопруга, заведена во правливите матични книги, кои мораше да ги бара во подрумот во архивата бидејќи во компјутер немале време, а ни желба да ги внесуваат. Па немал усул...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во дневната на изнајмениот стан на Л.А. стои црно пијано, Petroff: - Човекот бил некој локален функционер во комунизмот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како да дише без никој тоа да го знае, дури ни таа самата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од оние со кои подоцна разговарав и се распрашував за тоа што човек бил Борко во војната, речиси сите се согласуваа дека уште на почетокот, во 1941-та, покажувал храброст, но не некоја храброст сама за себе, туку храброст чиј мотор е во некоја внатрешна амбиција која често не води сметка ни за другите луѓе, ни за другите нешта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Човекот бил најосамен кога е болен и усрамен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наближувам така и гледам дека и луѓето биле врзани со ортома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тоа време сите куќни луѓе биле по работа в поле, само Босилка била дома и како што си го низала ѓерданчето, го оставила на ругузина па станала да ги види в куќа свињите, нешто пакост да не сторат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И така, со неколку реченици, Чучук-Андреј го извлекол од заборав најтрагичниот дел од животот на прочуениот пејач од кого и славеите се учеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но животот на човекот бил мозаик од секакви големи и мали настани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој човек бил рибар. Секој ден си фаќал риба. Тоа му било работата. Го запазила лисицата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од тоа негово мигновено видување беше сосема јасно дека црниот човек бил неоспорно надмоќен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мене господ ме остави, велам, а човекот бил амбар, сѐ можел да собере.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)