членство (имн.) - во (предл.)

Оп, уште една НОВИНА слушнав: денес нашата делегација испратена во Брисел, сложни како тим, успеа да ја протурка Македонија за земја кандидат за членство во Европската Унија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„КАСАПСКА ОДА” (Химна за човечкиот род) Кога острилото ги топи ситните заби на ладниот челик искрејќи во ноќта како дел од најстарата претстава Тоа чувство на општа загрозеност во ладните утра и испарувањата од масните касапски раце Тие насмевки полни со љубопитност чекајќи награда Во ложата плескајќи им на „СИТЕ НАЈ-ГОЛЕМИ КАСАПИ” Алтруисти, Луѓе од големиот збор сите како учесници во последната касапска претстава Тука е и церемонијал-мајсторот лупкајќи занесено со останатото членство во холот на изгладнетите стрвници Животот како една голема касапска драма сѐ до следниот на списокот и повторно заспиваш со успивното kreshendo илустрација: Matthew Richardson на разиграното острило. okno.mk | Margina #3 [1994] 65
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ова се прави со цел да се натераат, на еден преќутен и суптилен начин, „сами“ да се откажат од членството во Агро-синдикатот – кој се јавува како релевантен субјект во сите изминати преговори со работодава- чот, да се расцепка и компромитира неговата структура, а пред јавноста и институциите да се остави слика за божемно постоење на синдикално организирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3 Б. Н. сега, а и за време на споровите, е член на една синдикална организација и на едно здружение на бранители, но воопшто не е задоволен од поддршката која ја има и планира да се откаже од членството во синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, во Шеќерана е формиран нов синдикат под менторство на раководните структури (т.н. независен синдикат), а вработените се условени и принудени да членуваат во него – нај- често преку закани за прераспределба на полоши работни пози- ции и за отказ по основ на технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, на пример покрај разни бенефиции, постојат и ограничувања на правото на синдикално организирање, или на правото на штрајк – согласно обата носечки закони од оваа област: новиот 127 актуелен Закон за внатрешни работи (2009)2 како и Законот за полиција (2006).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Главно биле ситни озборувачи кои со своето поткажување не им нанеле голема штета на други луѓе, некаков вид системски доушници чија што соработка била повеќе од автоматски тип, нешто како членство во пионерите или слично.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Затоа, ќе биде корисно од самиот почеток да разграничиме три главни употреби на овој термин – општествената, културната и геополитичката (територијалната).2 Општествената граница е начин да се стави ред во општествените односи и да се означи членството во колективот и затоа е инструмент на општествена организација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)