член (имн.) - во (предл.)

Меѓу луѓето во ЗЕРО постоеше еден либерален став кои многумина го толкуваа како несериозност, со исклучок на Владимир Величковски, и Сузана Милевска, тогаш на почетокот на кариерата како критичар, така што во еден момент ни самите не знаевме кој сé е член во ЗЕРО зашто многу ни се приклучуваа неформално (Штур, Ема, Шилјо, Тања, Тони, Џенгис, Балов и др.).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таа проповеда презир спрема работничката класа, беспримерен во изминатите векови, а ги облекува своите членови во униформи - комбинезони, кои своевремено беа типични за физичките работници и кои токму затоа и беа прифатени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Хера започна да му става до знаење на нејзиниот слеп маж дека имаат уште еден член во семејството кој им помага во работата, кој се грижи за Пансионот како и таа, дека е добар и има добра душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во тие сложени зборови, токму намерно се соединети поимните противречности, не за да се создаде трет поим, како што понекогаш се случува во кинескиот јазик, туку само затоа, со тој композитум, да се изрази значењето на едниот од неговите членови во противречноста, она што тој член би значел и издвоен...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По раѓањето на мојот најстар брат Манас во 1874-та, фамилијарното презиме Буколовци престанало да живее за живуштите членови во Куманово и продолжило како Прокопиеви.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Беше избран Президиум на Народното собрание кој на 16 април ја именува Првата Влада на федерална Македонија, кооптира нови членови во Народното собрание и именува членови во Федералниот суд на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од тој период започнува да се воспоставува и изградува за прв пат современата македонска држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа, диференцијацијата што се забележувала меѓу членовите во Женева дошла до полн израз по нивното враќање во Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Невработеното лице кое нема да ја исполни обврската на овој член во рок од 30 дена, по истекот на рокот на јавување утврден во индивидуалниот план за вработување, се брише од евиденцијата на невработени лица и може повторно да се пријави по истекот на една година, а корисниците на права по основ на невработеност ги губат и тие права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во измената на Законот од декември 2014 година поподробно се уредуваат актите за внатрешна организација и систематизација на работните места од чл. 17 на Законот и вработувањето, преку додавање на нови пет членови во Законот (чл. 20-а, чл. 20-б, чл. 20-в, чл. 20-г и чл. 20-д).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Измената на Законот од 2014 година83 се однесува на условите за избирање на членови во Комисијата за заштита од дискриминација од чл. 18 од Законот, при што условите после измената се следните:
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Британската претпазливост била причина Американците, во поголемиот дел од војната, да имаат маргинален статус на неискусни партнери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, британската разузнавачка служба веќе планирала и изведувала свои операции и планови за заштита и се плашела дека ако работи премногу блиску со неискусните Американци би ја загрозила безбедноста на своите членови во окупирана Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ми беше потребен оркестар од триесет члена во самото студио за да можеше да се чуе таа мала мелодија од радиото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
5 Уште повеќе, членот во Уставот на Република Македонија со кој се регулира правото на учество во управувањето е најдециден во споредба со одредбите од другите устави.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„А кога ќе оздравам ќе бидам само член во нашата дружина.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во овие златни времиња во фабриката работеа околу 3.000 работници, односно речиси и да немаше велешко семејство кое немаше некој вработен член во ова претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работничката Б. А. (сега 52-годишна) од Велес, која денес е невработена, целиот свој работен век го помина работејќи во АД „Порцеланка“ – Велес, како уметнички декоратер, најпрво во декорното, а подоцна и во украсното одделение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, новиот ЗВР/09 содржи четири члена во поглед на остварувањето на правото на штрајк (чл. 118 – чл. 121) Работниците во МВР ова свое право можат да го остваруваат на начин и под услов битно да не се нарушува редовното извршување на внатрешните работи – при што, постои и законска основа за забрана на штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Б. А. против Порцеланка Спор за неисплатени плати и придонеси1 Parum est latam esse sententiam, nisi mandetur exsecutioni. Од мало значење е донесената пресуда, ако не се пристапи кон нејзино извршување!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Се гарантира правото на штрајк. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата“ (чл. 38, УРМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)