Понатаму, во октомври 2009, беа додадени шест нови члена (213-а–213-ѓ): • со првиот член се предвидуваше надлежен орган за утврдување на репрезентативноста, и тоа е Министерот за труд и социјална политика, на предлог од Комисија за утврдување на репрезентативноста; • вториот член ја уредува структурата на Комисијата, која е составена од девет члена именувани од Владата по предлог на министерот за труд – и тоа, по три претставника на МТСП, Министерството за правда и Министерството за економија.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)