чкорче (имн.) - кибрит (имн.)

Ќе ме натераат Африка да ја посипам со бензин, а ќе ми биде доволно само едно усрано чкорче кибрит, Џуџу!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Молк и поначесто плачои, Баба, веќе подвиткана и од годињето и од болката, одеше тивко и кроце до ќошот, нежно надолу го повлекуваше масленичето, принесуваше запалено чкорче кибрит и, засолнувајќи го со едната дланка растрепереното пламенче, го доближуваше до фитилот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
После ова ги мразам уште повеќе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)