читање (имн.) - книга (имн.)

Поминаа долго време во читање книги за кабалата од нивните библиотеки задлабочувајќи се во темата на универзалните лавиринти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Луцидниот Климент Камилски, кој многу добро ја познаваше француската книжевност, намерно му ја даде на читање книгата од Флобер на Татко, за во крајна линија да го соочи со опасностите кои можат да произлезат од нивната акција на чистење на османскотурски зборови по падот на Османската Империја, со нивните автодидактички познавања на лингвистичката наука, во времето на нејзиниот подем, да не се најдат во позиција на Бувар и Пекуше, да не биде разбрана нивната мисија како на балкански Дон Кихот и Санчо Панса, да се најдат на потсмев на луѓето на своето време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако при читањето книга ја држев сѐ подалеку, не попуштив и храбро, додека можев се соочував со буквите директно, без помош на некои си таму диоптри и умбрал стакла.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Уште еден таков скорашен пример е со пријателот Панче, страстен фотограф, со ретка додатна пасија – читање книги (на кого исто така му ја раскажав случката со словачкиот Кортасар).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сè до лани не сум го имала тој проблем и таква дилема никогаш не ме мачела.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако пак, заминев во Маврово, ќе бев по цел ден со мајка ми, татко ми и брат ми, друштво што го обожавам и со кое ми е особено убаво таму, зашто нема ни телевизор, ни телефон и ништо што би ги прекинувало нашите разговори, раскажувања, читање книги, уживање во природата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас би сакала да ви го препорачам читањето на книgите на Луан Старова зашто во нив ќе го откриеме она што ниту еден од медиумите кои секојдневно н информираат не ќе може никогаш тоа да ни го раскаже.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не е обичај, се чини, да се употребуваат вашите рубрики за давање совети за читање книги, меѓутоа сегашните околности ме принудуваат тоа да го сторам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш татко ми му рече дека тој, а не Чанга, пропуштил цел еден живот, вистински живот, поради читањето книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)