Санџак-бегот беше еден од потомците на Мухамед, неговото доброволно спуштање до калливите чизми на еден рибар, е или итрина, или мака. Каква мака?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Капетан Мирковиќ тупка со чизмите на земјата, го ведри и го облачи лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Чизмите на Шарик се од плута.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Собата се исполни со крупни луѓе во црни униформи, со потковани чизми на нозете и со пендреци во рацете.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Констатирајќи дека водачите на елинизмот водат политика „којашто води само кон срам“, Берар со индигнација пишува: „Атина ... денес е под чизмата на турскиот пратеник.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)