чета (имн.) - ги (зам.)

Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Вистина, четите ги избегнуваа битките, но тоа уште не значи дека не пречеа да се воведат реформите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите денови од ова бдеење Ѓошо Савев и неговите пријатели од четата ги поминале во прикривање траги пред упорните прогонувачи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бугаринот лежеше покрај грмушката и таму се истури цел рафал, па тој побегна, а јас останав и понатаму на истото место, дрвјата ме покриваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)