Најпрвин старците виделе претсказание во лудите скокови на коњот без јавач, по нив останале зачудении востаниците кога коњот, најпосле смирен, минал неколку стражи и во логорот на една чета дошол до отворена бочва со вино од која востаниците црпеле со чанчиња и лејќи не да се испијанат ами уште еднаш да ја потврдат машкоста: се можат, се им е дозволено, но над се, и пак над другото се, стои разумот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По некое време, пратен од грчкиот владика Стаматијадис тој со четата дошол ноќе и влегол во куќата на Герман Љушков што беше на горниот крај од селото.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)