Ги напсува сите тие што го направија и кревајќи ја раката до челото во знак на поздрав и молба, направи двапати поздрав „да ти се ногу години, да ти се ногу години, бег, ти и господ.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но тоа Арслана уште повеќе го раздразни и почна да се дере на него и да мава со камшикот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од тогаш веќе со денови ги гледам Американките како ги отвораат устите во облик на буквата О и Американците како ги збрчкуваат челата во облик на буквата V.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Јосиф го набрчка челото во знак на чудење, но спокојно продолжи по патот, решен да го помине целиот ден во безделничење, преместувајќи се од клупа, на клупа, а и како да не се преместува, кога на една фалеше даска за седнување, на друга даска за потпирање, на трета, ногарки...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Кавгаџиите гледаа со закрвавени очи во агентот а тој го збираше челото во густи ситни брчки и држејќи ја раката во задниот џеб на панталоните стегнати во тврди тесни чизми ја клатеше ќелавата глава, тогаш покриена со сламен шешир.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Им одговорил истрел - пак кон нив, неодредено, во месото на сите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На неколку чекори од неистинатиот Јане Крстин друг, Пеце Дановски, удрил со крваво чело во камен и останал неподвижен; бил до тој миг незабележлив, малостав, помирен со сѐ што се случувало и што ќе се случува низ векови; сега сите што биле близу до него виделе дека само со тапите прсти минува по земјата - умира и сепак бара потпир да се исправи, да го побара убиецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тогаш ми се сака, ете, така, клинкајќи на овие патерици, да им пријдам и на секоја по ред да им погалам глава, да им го бакнам челото во брчки, тивко да им шепнам: - Пеј, мила, липај мила, плачи мила, ако тоа ти е за олеснување, а и за мене мевлем...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
„И знам зошто сум казнет.” „Не си казнет,” реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Јас сум казнет со оваа стравична празнина,” рече, и, наведнувајќи ја главата, удри со челото во тупаниците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако не може, тогаш не треба да удираме со челото во нив - туку треба да се заобиколуваат...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)