чело (имн.) - може (гл.)

Ако бил покајнички кај некој великодостојник на црквата да ги изнесе сметките на својот живот и ако, поради тој живот, го попритегнале малку, загриженоста на неговото чело можеше да биде разбирлива.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)