Темнокостенливата коса, прибрана високо над тилот во бујна опашка, ѝ паѓаше до рамениците.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На челото имаше помалку бори одошто грижи, но не изгледаше помлад, зашто носеше долга брада која му даваше изглед на рабин, иако беше обичен шивач на облека според западната мода и почитуван член на чаршијата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На челото имаше само мал, скоро засушен струп, ама темето и беше растурено...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Одеше со рамномерни чекори - ниту полека, ниту брзо - небаре чекори низ ливада, а не низ училишниот двор - во цветно широко здолниште и бела блуза.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Врз челото имаше само три кадрици. Одеше право накај нас.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)