чело (имн.) - бил (гл.)

Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според неговата длабока, интуитивна логика, со која најчесто се спротивставуваше речиси на наследената инерција на фаталноста, настојуваше да открие некаква трајната закономерност, крај силните барабани на дијалектичката патетика на новите времиња, дека токму при падовите на империите, се отвора пандорината кутија на со векови потиснувани страсти, на идеалите на поданиците на Империите, на многубројните народи кои биле потчинети на една власт на чие чело бил императорот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кон крајот на VI век формирале голем сојуз, наречен од византиските автори „Голема Бугарија“ кој ја зафаќал територијата на север од р. Кубан, Азовско и Црно Море. На чело бил ханот Кубрат.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Највисок и со најмудро чело бил Онисифор Мечкојад и со такви очи пред кои можел да клекне и најсомничав ангел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа покојниците биле подмладени и проубавени како во расфрлените гробови да се капеле во млеко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)