чекорење (имн.) - на (предл.)

Дека продолжува чекорењето на нашата навика и тогаш кога ќе утврдиме оти за некого од нашите сакани застанало времето? Не сум сигурен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бучава, проследена со жешка тишина. Завртено тркало, потоа мекиот шум на чекорењето на мислата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Каков ли треба да биде типот на жена што ќе умее да го среди или поточно да го приземји необичното, дури и откачено чекорење на мојот постар брат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не сум сигурен што точно ми помага да верувам дека не грешам кога си ти во прашање: физичката големина, препознатливото чекорење на кое многумина веројатно му припишуваат стамени војнички карактеристики, облеката, или што се чини уште поверојатно, нашето долгогодишно дружење?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем тоа го потврдија веќе следните моменти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)