чекор (имн.) - веќе (прил.)

Си мислеше тогаш Гркот дека тргна по трагите на Александар Велики и не тераа да пееме небаре нашиот чекор веќе се слуша отаде Турција и веќе ѝ се заканува на Персија и преку неа на Индија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но, немаше време за размислување: чекорите веќе се слушаа сосем јасно.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Малото бело парче во брановите... што го носат сè повеќе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не можам да мрднам ни чекор веќе!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ја гледам сè уште откај што сум, мошне добро сред водите... поминува далеку кај мостовите... ја слушам дури и како тешко дише... ја слушам како гргори...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)