чекор (имн.) - в (предл.)

Во искривена линија, чекор в чекор и еден зад друг одат наведнати, задишани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чекор в чекор, нога зад нога, виулесто пругоре се движи во мракот долгата колона.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И жените, држејќи се за узди и за коњски опашки, пред нив и покрај нив - чекор в чекор - одат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тргнуваат фатени за раце. Чекор в чекор, една покрај друга лесно газат по мекиот снег и зад себе трага не оставаат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тука сме, помисли сега, повлекувајќи се за да направи само еден чекор в страна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние двајца сега го следеа по стапките од чекор в чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)