Две жени - две мајки... Од нивните очи зрачи и блика длабока размисла за судбината на рожбите и страв и исчекување и огромната и насушната желба чедата да се живи и здрави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Навидум имаа иста цел нивните чеда да живеат во подобар свет, во мир и хармонија, но патиштата до целта им беа различни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ѝ доаѓаше да кине месо од себе само да помогне, нејзиното чедо да не се јаде и да ги задржи двете најважни суштества во нејзиниот живот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Животот на Мајка се ронеше во спасувањето на своите чеда, дури и кога стаса во доба чедата да го спасуваат животот, таа се повлекуваше во школката на својата осама, во домот со татковите книги, секогаш со жилава надеж да нѐ дочекува од некое враќање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)